Основувањето на компанија во Македонија е стратешки потег кој бара целосно разбирање на правните процеси, бизнис структурите и регулативните рамки. Во овој водич, ги истражуваме чекорите и процесот за формирање/основање на компании во Македонија, ги истакнуваме чекорите по чекор и ги објаснуваме различните видови на компании кои се достапни. Регистрација на фирма се врши во Централниот регистар на Република Македонија
Правните форми за основање на фирма кои ви стојат на располагање во Р. Македонија се:
- ТП (Трговец поединец) без паричен влог
- ДООЕЛ (Друштво со ограничена одговорност со едно лице основач) со минимален паричен или непаричен влог од 5000 евра
- ДОО (Друштво со ограничена одговорност со 2 до 50 основачи) со минимален паричен или непаричен влог од 5000 евра
- ПДОО – Поедноставено друштво со ограничена одговорност со симболичен износ од 1 евро како основачки влог
- АД (Акционерско друштво)
Чекори за основање на компанија:
- Избор на правна форма (ТП, ДООЕЛ, ДОО, АД) и тип на основачки влог.
- Избор на назив на фирма и дејност. Овде можете да ја видите класификација на дејности што се води во Државен завод за статистика. Превземи класификација на дејности овде
- Потпишување на потребни документи за основање (види подолу).
- Електронско доставување на документите до Централниот Регистар.
- Одговор од Централен Регистар (во рок до 5 дена – најбрзо за 24 часа).
- Подигнување на решение за ново-основаната фирма.
- Изработка на печати.
- Отворање на сметка во банка.
Потребни документи за основање на компанија:
ДОО или ДООЕЛ
- Договор за основање на друштвото (За ДОО)
- Изјава за основање на друштвото (За ДООЕЛ)
- Фотокопија од лична карта или пасош (за основачите)
- Фотокопија од доказ за регистрација на правно лице (ако основач е правно лице)
- Доказ за уплата на паричниот влог ( Можност постои за уплата на основачкиот капитал во рок од една година како паричен или непаричен влог)
- Проценка на непаричен влог
- Договор за непаричните влогови
- Доказ за сопственост (за движни или недвижни ствари како влог)
- Одлука за избор на управител
- Изјава по член 183 од ЗТД од управителот на друштвото
- Изјава по член 29 и 32 од ЗТД
- Одлука за основање на подружница
ТП (Трговец поединец):
- Пријава за упис (согласно член 14 од Закон за Трговски Друштва – ЗТД)
- Фотокопија од лична карта или пасош
- Изјава по член 29 од ЗТД
Најголемата разлика помеѓу овие две форми на трговски друштва е тоа што кај правната форма ДООЕЛ/ДОО основачот одговара за обврските на друштвото само до висина на основачкиот влог додека пак кај формата трговец поединец основачот за обврските на друштвото одговара со сиот свој имот.
ПДОО – Поедноставено друштво со ограничена одговорност
Поедноставено друштво со ограничена одговорност-ПДОО може да се основа друштвото кое има најмногу тројца основачи како физички лица, од кои еден е управител.
Најмалиот износ на основната главнина на поедноставеното друштво со ограничена одговорност е 1 евро во денарска противвредност според средниот курс на НБРСМ на денот на уплатата, освен ако основачите не се договориле тоа да биде денот на потпишување на основачкиот акт на друштвото.
Најмалиот номинален износ на деловниот удел е 10 центи во денарска противвредност според средниот курс на НБРСМ на денот на уплатата, освен ако основачите не се договориле тоа да биде денот на потпишување на основачкиот акт на друштвото.
Кај поедноставеното друштво е специфично што Друштвото мора да има задолжителна резерва, во која мора да се внесе (една четвртина) од добивката на друштвото искажана во годишните финансиски извештаи, намалена за износот на загубата од претходната година. Задолжителната резерва може да се употреби за:
- зголемување на основната главнина со распределба на резервата во основната главнина на друштвото;
- за покривање на загубата искажана за годината за која се поднесуваат годишните финансиски извештаи, ако не е покриена од добивката оствaрена во претходната година и
- за покривање на загубата искажана за претходната година,ако не еп окриена од добивката искажана во годишните финансиски извештаи за годината за која се поднесуваат.
Пријава на управителот во АВРМ
При регистрација на компанијата, можете да изберете дали управителотќе биде пријавен како вработен. Доколку се одлучите за оваа опција, тој ќе биде вклучен во задолжителното осигурување преку Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Потребна документација за пријава на управител или вработен:
- Договор за вработување;
- ППР образец;
- Овластување за пријава на вработен;
- М1/М2 образец издаден од АВРМ за вработениот.
Доброволна регистрација за ДДВ