Трговец Поединец-занаетчија

Трговец Поединец-занаетчија
I. ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ – ТП

Трговец поединец претставува:

  • физичко лице, кое во вид на занимање, врши некоја од трговските дејности определени со Законот за трговски друштва.
  • трговецот поединец одговара за своите обврски лично и неограничено со сиот свој имот.
  • При основање на овој правен облик не е потребен основачки влог.
II. Согласно ЗТД, не може да биде регистрирано како трговец-поединец физичко лице:

над кое е отворена стечајна постапка,

  • Физичко лице за кое, со правосилна одлука на судот, е утврдено дека со умисла предизвикало стечај, поради што доверителите не можеле да ги наплатат своите побарувања додека трае забраната за вршење на дејноста утврдена со одлуката на судот и
  • Физичко лице на кое надлежен орган, врз основа на закон, му забранил да врши некоја од дејностите определени со овој закон, додека трае забраната
III.Ризици
  • Лицето одговара со целиот свој имот. Како трговец поединец, при било какво задолжување и неисплаќање на истото, сопственикот на одговара со личниот приватен имот.
  • При било каква нерегуларност при работењето, или добиена судска извршна пресуда, државните институции може да наплатат од личниот приватен имот на сопственикот.
Related Posts