Поедноставено трговско друштво ПДОО

Поедноставено трговско друштво – ПДОО

Поедноставено трговско друштво или ПДОО е новововедена форма на друштво со цел овозможување на старт ап компании да започнат бизнис . Правилата за друштвото се исти како за ДОО со разлика во тоа што во ПДОО друштвото може да има најмногу до тројца основачи – физички лица, од кои еден е управител, односно член на органот на управување. Со оглед на тоа што станува збор за друштво со основна главнина од 1 (едно) евро, се  воведува посебен режим за финанисиско работење во однос на располагање со добивката, како и обезбедување и располагање со задолжителната резерва на друштвото.

Карактеристики што го издвојуваат Поедноставено трговско друштво од ДОО и ДООЕЛ
  1. Најмалиот износ на основната главнина на поедноставеното друштво со ограничена одговорност е 1евро
  2. Најмалиот номинален износ на деловниот удел е 10 центи
  3. Основната главнина и деловниот удел во друштвото мора да бидат изразени со цел број во евра.
  4. Влоговите за преземените деловни удели се уплаќаат само во пари.
  5. Пријавата за упис на друштвото во трговскиот регистар се поднесува откако влоговите за преземените деловни удели во друштво во целост се уплатени.
  6. Друштвото мора да има задолжителна резерва, во која мора да се внесе (едначетвртина) од добивката на друштвото искажана во годишните финансиски извештаи, намалена за износот на загубата од претходната година.

 Задолжителната резерва може да се употреби за:

1)         зголемување на основната главнина со распределбана резервата во основната главнина на друштвото;

2)         за покривање на загубата искажана за годината за која се поднесуваат годишните финансиски извештаи, ако не е покриена од добивката оствaрена во претходната година и

3)         за покривање на загубата искажана за претходната година,ако не е покриена од добивката искажанаво годишните финансиски извештаи за годината за која се поднесуваат

(4) Доколку друштвото ја зголеми основната главнина, така што достигнува или станува поголема од најнискиот износ на основната главнина од 5000 евра предвидена за доо  друштвото ја менува формата при што може да ја задржи фирмата односно називот на фирмата

Управителот е должен во книгата на деловните удели при уписот на секоја промена на големината на уделот,да го внесе и бројот на гласови кои произлегуваат од тој удел во собирот на содружници, за што на барање на содружникот во друштвото,ќе му издаде потврда.“.

Зошто е одличен избор за старт ап компании

Со воведување на оваа форма на трговско друштво се овозможува на секој што има добра идеја да започне бизнис со само едно евро и како таква е одличен избор за секој стартап без притоа да постои потреба од голем основачки влог и големи инвестиции

Related Posts