Друштво со ограничена одговорност основано од две или повеќе лица е трговско друштво во кое што ( домашно или странско ) го основаат друштвото со минимална основна главнина на друштвото од 5000 евра .Основањето се врши со договор за основање на друштвото
Карактеристики
- Со основачки влог од 5000 евра во денарска противвредност. При што основачите може да изберат друштвото да го основаат со паричен влог и со внес на влогот во друштвото или пак да го основаат со непаричен влог во форма на опрема,канцелариски средства за работа објекти, превозни средства и слично.Основачите може да одбере да го основа друштвото без внесување на основачкиот влог со што превземаат обврска истиот да го внесат во друштвото во рок од 1 година од денот на основањето. Основањето без внесување на влогот не влијае на работењето на друштвото.Како друштво со ограничена одговорност се одговара само со имотот на фирмата.
Потребни документи за основање на компанија:
- Договор за основање на друштвото ДОО
- Фотокопија од лична карта или пасош (за основачите)
- Фотокопија од доказ за регистрација на правно лице (ако основач е правно лице)
- Доказ за уплата на паричниот влог ( Можност постои за уплата на основачкиот капитал во рок од една година како паричен или непаричен влог)
- Проценка на непаричен влог
- Доказ за непаричните влогови
- Доказ за сопственост (за движни или недвижни ствари како влог)
- Одлука за избор на управител
- Изјава по член 183 од ЗТД од управителот на друштвото
- Изјава по член 29 и 32 од ЗТД
- Одлука за основање на подружница
Потребни податоци за основање на компанија:
- фирмата и седиштето на друштвото;
- предметот на работењето на друштвото. Се одбира од шифрарник на дејности една приоритетна дејност. Доколку друштвото работи во надворешен промет од државата задолжително се регистрира за надворешен промет.
- името и презимето, ЕМБГ, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта ако содружникот е странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство, како и местото на живеење, односно фирмата, седиштето, ЕМБС, ако содружникот е правно лице;
- Износот и видот на основната на основната главнина;
- времетраењето на друштвото ако тоа е определено со договорот за друштвото или со изјавата за основање на друштвото ( определено или неопределено
- името и презимето на управителот, на членовите на надзорниот одбор, односно на контролорот, ако друштвото има орган за надзор, ЕМБГ, занимањето, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта за странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство, како и местото на живеење;
- Овластувањето за застапување на друштвото. Ограничено овластување или пак неограничено