Процес на купување стан во Македонија

Процес на купување стан во Македонија

Купувањето на стан е голема одлука која бара внимателна подготовка и разбирање на процесот. Еве ги основните чекори кои треба да ги следите:

Преддоговор претставува почетен договор меѓу продавачот и купувачот, во кој се дефинираат основните услови на идниот договор за купопродажба. Тој служи како обврска за двете страни дека трансакцијата ќе се реализира под договорените услови. Преддоговор треба да се завери кај нотар и да се стави предбележба за неговото склучување во имотниот лист за дополнителна правна заштита.

Договор за залог – хипотека 

Ако планирате да го финансирате купувањето со кредит, ќе треба да склучите хипотека со банката. Ова значи дека станот ќе служи како колатерал за кредитот сè додека не го отплатите целосно. Кога се склучува хипотеката како гаранти се запишуваат продавачите на недвижноста а банката ги исплаќа средствата директно на сметката на продавачите па така се оневозможува било каква манипулација

Следниот чекор е склучување на финалниот договор за купопродажба. Овој договор содржи сите детали за продажбата, вклучувајќи:

  • Лични податоци на продавачот и купувачот
  • Детален опис на станот
  • Цената на продажба и начинот на плаќање
  • Права и обврски на двете страни
  • Рок за предавање на имотот

Купувачот е должен да плати данок на промет на недвижности. Овој данок се плаќа на општината каде што се наоѓа имотот и обично изнесува одреден процент од вредноста на имотот.

Нотарска заверка на договорот односно солемнизација

По плаќањето на данокот, договорот се солемнизира. Нотарската заверка потврдува дека договорот е законски валиден и дека двете страни се согласни со неговите услови.

Упис во Катастар

Нотарот поднесува барање до Агенцијата за катастар на недвижности за упис на промената на сопственоста. Ова е финалниот чекор во процесот на купување и со него се потврдува дека купувачот е законски сопственик на имотот.

Завршни зборови

Консултирајте се со адвокат: Адвокатот може да ви помогне во целиот процес и да ве заштити од потенцијални правни проблеми.
Проверете го правниот статус на имотот: Пред да склучите договор, проверете дали имотот е без терети и дали продавачот е законски сопственик.
Внимателно прочитајте го договорот: Пред да го потпишете договорот, внимателно прочитајте го и разберете сите негови клаузули.
Со внимателно следење на овие чекори и со помош на стручни лица, можете успешно да го завршите процесот на купување стан во Македонија.

Related Posts