Преддоговор за купопродажба на недвижен имот

Преддоговор за купопродажба на недвижен имот

Преддоговорот за купопродажба на недвижност во својата суштина преставува обврска за договорните страни да исполнат одредени обврски кои се потребни за подоцна да се склучи главен договор за купопродажба. Значи ако постојат одредени причини заради кои не може веднаш да се склучи главен договор за купопродажба се склучува преддоговор. Најчесто преддоговорот е потребен кога се користи заради купување по пат на кредит , доколку станот е во изградба, доколку е потребно продавачот/те да избришат одредена прибелешка од имотниот лист итн.

I.Елементи кои мора да ги содржи секој преддоговор за купопродажба
  • Време и место на склучување
  • Предмет и причина за склучување на преддоговорот
  • Дејствија или обврски кои треба да бидат исполнети од договорните страни
  • Рок во кој треба да се склучи главен договор за купопродажба
  • Цена по која ке се склучи договорот
  • Капар и пишманлак доколку ги има
  • Начин на плаќање и рок на целосна исплата
  • Рок за предавање во владение на недвижноста
  • Извршна клаузула ( по потреба )
  • Причина и начин на на раскинување на преддоговорот
  • Договорни казни или пенали заради неисполнување на преддоговорот
  • Одредба за предбележување на преддоговорот во имотен лист
  • Доколку недвижноста се продава опремена истото треба да се вметне во преддоговорот

Преддоговорот мора да ги содржи сите елементи и услови под кои ке се склучи главниот договор.

Особено да се внимава дали недвижноста има и други составни делови како ходници,скали,земјиште под зграда итн.

II.Форма на преддоговорот

Преддоговорот согласно Законот за облигациони односи се склучува исклучително во писмена форма и истиот треба да ги содржи сите суштествени елементи наведени погоре. При склучување на преддоговор кој е со вредност од над 10.000 евра договорот здолжително треба да биде составен од страна на адвокат и да содржи адвокатски печат. По составување и потпишување на преддоговорот з купопродажба на недвижност истиот задолжите се заверува пред надлежен нотар кој се наоѓа на подрачјето каде се наоѓа и недвижноста. Ова е потребно заради надлежноста на нотарите.Заверката на нотар се прави со заверување на потписите на договорните страни . Доколку преддоговорот содржи извршна клаузула потребно е да се направи  тн. солемнизација на преддоговорот или потврда на приватната исправа ( преддоговорот). При заверката на преддоговорот нотарот треба да поднесе и пријава за запишување на предбележба на склучениот преддоговор до катастарскиот операт на РСМ.

III.Чести прашања
Зошто ми бараат да го ставам станот под хипотека а не ми се исплатени парите

Имено пред да се исплати кредитот потребно е да се обезбеди побарувањето на деловната банка преку воспоставување на хипотека најчесто токму на недвижноста што е предмет на купопродажба. По склучување на договорот за хипотеката односно запишување на истата во имотен лист деловните банки средства ги исплаќаат директно на сметката на продавачот/те

Што ако банката не одобри кредит?

Поради ваков случај се претпочита да се даде капар поради тоа што продавачот не може недвижноста да ја дава на продажба. Ваква одредба се вметнува во договорот и доколку се надмине рокот или не биде одобрен кредитот продавачот го раскинува договорот и го задржува капарот.

Може ли дел да исплатам во кеш на рака?

НЕ. Секое плаќање со вредност над 3000 евра задолжително мора да биде преку трансакциска сметка. Ова е регулирано во законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам и преставува прекршок кој има високи казни а може да предизвика и други последици.

Related Posts