Оставинска постапка

Оставинска постапка

ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА

Оставинска постапка се поведува за расправање на оставина односно имотот кој го поседувал починатиот. Во оставинската постапка влегува целиот движен и недвижен имот( недвижности возила,пари и сл) како и права ( право на легализација, приватиција на земјиште и сл)

Поведување на оставинската постапка

Оставинската постапка по правило се поведува по службена должност од страна на матичарот. Доколку матичарот не постапил по службена должност било кој од наследниците има право да поднесе предлог за поведување на оставинска постапка до надлежниот суд односно да поведе вонпарнична постапка. По поднесување на предлогот Судот по службена должност определува нотар на кој му го доверува предметот. Нотарот по примање на предметот испраќа покани до наследниците и закажува рочиште за расправање на оставината. За застапување во оставинската постапка е задолжително ангажирање на адвокат од страна на наследниците

Потребни документи

– Извод од матична книга на умрени на умрени за оставителот
– докази за сопственост на оставинската маса (Имотен лист , сообраќајна дозвола за моторно возило, број на трансакциска сметка за парични средства во банка, потврда за имател на акции од Централен депозитар за хартии од вредност, потврди за друг имот доколку има.
– Извод од матична книга на родени за наследниците од прв наследен ред
– Извод од матична книга на венчани за сопругата/сопругот,

Кој наследува

  • Законски наследници од прв, втор и трет наследен ред
  • Наследници врз основа на тестамент – тестаментални наследници

 

Умрениот го наследуваат: сите негови потомци, неговите посвоеници и нивните потомци, неговиот брачен другар, неговите посвоители, неговите родители, неговите браќа и сестри и нивните потомци и неговите дедовци и баби и нивните потомци.

Овие лица наследуваат според наследните редови. Наследниците од поблискиот наследен ред ги исклучуваат од наследство лицата од подалечниот наследен ред.

За наследување врз основа на тестамент види тука

 

Прв наследен ред Потомците и брачниот другар на умрениот

Оставината на умрениот ја наследуваат пред сите неговите деца и неговиот брачен другар. Тие наследуваат еднакви делови.

Image link

Право на претставување

  • Делот од оставината што би му припаднал на порано умреното дете да го надживеало оставителот го наследуваат неговите деца, внуците на оставителот, на еднакви делови, а ако некој од внуците умрел пред оставителот, тогаш делот што би му припаднал да бил жив во моментот на смртта на оставителот го наследуваат неговите деца, правнуците на оставителот, на еднакви делови и така редум сè додека има потомци од оставителот

Кога брачниот другар го губи правото на наследување

Правото на наследување меѓу брачните другари престанува со разводот на бракот и со поништувањето на бракот. Брачниот другар нема право на наследство ако:

 

1) оставителот поднел тужба за развод на бракот, а по смртта на оставителот се утврди дека тужбата била основана, или пак брачниот другар и оставителот поднеле спогодбен предлог за развод на бракот, а до смртта на оставителот постапката по тој предлог не е завршена;

2) неговиот брак со оставителот биде поништен по смртта на оставителот, од причини за чие постоење надживеаниот брачен другар знаел во времето на склучувањето на бракот и

3) неговата заедница на живот со оставителот трајно престанала по негова вина или во спогодба со оставителот. Со разводот и со поништувањето на бракот брачниот другар го губи правото да ги бара користите за него, предвидени во тестамент или во некое друго располагање за случај на смрт, направени пред разводот односно поништувањето на бракот од неговиот поранешен брачен другар

Related Posts