Тестамент

Тестамент

Тестамент или завештание  е еднострана изјава на последната волја на оставителот во однос на неговиот имот дадена во форма пропишана со законот, со којшто се уредуваат наследно-правните односи (во РМ – Законот за наследување) со која оставителот одредува кое лице или кои лица ќе му бидат наследници и кој дел од оставнината ќе му припадне на наследникот, односно на наследниците по неговата смрт. Тестаментот претставува еден од основите за повикување на наследство.

Видови на тестамент

Законот за наследување ги дефинира следниве видови тестаменти според формата:

    1. Своерачен тестамент
    2. Судски тестамент
    3. Дипломатско-конзуларен тестамент
    4. Војнички тестамент
    5. Меѓународен тестамент
    6. Усно даден тестамент

Своерачен тестамент

Под поимот своерачен тестамент се подразбира тестамент којшто завештателот (тестаторот) сам со своја рака го напишал и го потпишал. Без значење е тоа на кој јазик е напишан тестаментот. Исто така, без значење е кое писмо е употребено при пишувањето на тестаментот. За своерачно пишување на тестаментот може да се употреби било кое средство погодно за пишување. Потоа, тестаментот може да бида напишан на каков било материјал како подлога за пишување (хартија, парче картон, дрво, стакло, лимена фолија, итн. Важно е да во конкретниот случај нема никакво сомневање во поглед на сериозноста на изјавата на последната волја на завештателот.

Судски тестамент

Судскиот тестамент се составува со учество на основен суд. Судот ги проверува идентитетот на оставителот и неговата слободна волја, а по составувањето, тестаментот се чита и потпишува во присуство на судија и двајца сведоци.

Усмен тестамент

Усниот тестамент е изјава на последната волја дадена пред двајца сведоци поради исклучителни околности кои го оневозможуваат оставителот да состави писмен тестамент. Важи само 30 дена по завршување на вонредните околности.

Содржина на тестаментот

Содржината на тестаментот ги опфаќа сите одредби на оставителот:

  • Определување на наследници.
  • Наследни делови.
  • Оптоварувања, легати и услови.
  • Исклучување на нужни наследници.
  • Одредување извршител на тестаментот.

Оставителот може да назначи наследник од своите роднини или други лица. Доволно е наследниците да бидат јасно идентификувани врз основа на дадените податоци.

Составување на тестамент

Составувањето на тестаментот претставува писмено или усмено изразување на последната волја на завештателот во однос на неговиот имот.

  1. Составувачот да има најмалку 15 години и да е деловно способен.
  2. Изразување на слободна волја при составување.
  3. Форма пропишана со закон (писмено или усно).

Тестаментот не е полноважен ако при неговото составување не биле исполнети условите коишто Законот ги пропишал за негова полноважност. Меѓу нив најважни се три услови. Тие се: поседување на споособност за составување на тестамент, поседување на слободно изразена воља на завештателот во моментот на составувањето на тестементот, и составување на тестаментот во една од со закон пропишаните форми. Способноста за составување на тестамент претпоставува постоење на два факти во моментот на составувањето. Првиот е наполнета возраст од 15 години, а вториот е поседување на способноста за расудување. Се смета дека лице кое наполнилао 15 години има доволно способност за расудување за да го сфати значењето на своето постапување и за да управува за со своите постапки под услов да е душевно доволно развиено за својата возраст и да е душевно здраво.

Регистар на тестаменти

Откако тестаментот ќе биде составен и потпишан треба да одлучи каде ќе го чувате. Истиот може да биде депониран во Судот или пак може да се остави на чување кај трето лице. Каква и да е одлуката за тестаментот од особена важност и препорачливо е да се поднесе пријава за тестаментот да биде запишан во регистарот на тестаменти кој го води нотарската комора. Иако запишувањето во регистарот на тестаменти не е од задолжителен карактер и нема улога во полноважноста на тестаментот при поведување на оставинска постапка нотарот ќе може веднаш да провери дали има тестамент, каде е оставен на чување како и други податоци потребни за постапката. Од друга страна ќе биде олеснета постапката и на тестаменталните наследници како и да биде испочитувана волјата на завештателот.

Често поставувани прашања

  1. Што е потребно за да биде тестаментот валиден?
    Тестаментот мора да биде составен според законските услови: возраст, деловна способност, слободна волја и соодветна форма.
  2. Може ли тестаментот да се изменува?
    Да, оставителот може да го измени или укине тестаментот во секое време.
  3. Колку време важи усниот тестамент?
    Усниот тестамент важи само 30 дена по престанокот на исклучителните околности.
  4. Кој може да биде сведок при составување на тестамент?
    Сведоци можат да бидат полнолетни лица кои не се роднини на оставителот до четврти степен.
  5. Што се случува ако тестаментот содржи правно неважечки одредби?
    Неважечките одредби не влијаат врз важноста на останатиот дел од тестаментот.
Related Posts