Измена на националната класификација на дејностите НКД Рев.2.1:

Измена на националната класификација на дејностите – НКД Рев.2.1:
Информации за корисниците

Со донесената Одлука за дополнување на националната класификација на дејностите – НКД Рев.2.1, од страна на Владата на Република Северна Македонија на 6 февруари 2024 година, објавена во Службен весник бр.35 од 14 февруари 2024 година, се врши значајно ажурирање на класификацијата на дејностите. Примената на новите дополнувања започнува од 1 јануари 2025 година.

Што подразбираат овие дополнувања на националната класификација на дејности?

Со оваа дополнета класификација, Централниот регистар ќе ги прилагоди своите регистри, овозможувајќи следните промени за правните субјекти:

  • Упис на новоосновани субјекти: При поднесување пријави за упис на основање на правни субјекти, подносителите ќе можат да изберат и внесат шифра на приоритетна дејност во согласност со НКД Рев.2.1.
  • Промени кај постоечки субјекти: За правните субјекти кај кои е дозволена промена на дејноста, при поднесување на пријави за промена ќе биде задолжително користење на шифрите од дополнетата класификација.
  • Годишни сметки: Подносителите на годишни сметки ќе треба да ја внесат главната приходна шифра согласно новата дополнета класификација.
Каде може да се најдат подетални информации?

Државниот завод за статистика на својата веб-страница ги објави:

Ажурираната Национална класификација на дејностите – НКД Рев.2.1 ( линк )

Коресподентната табела за соодветност на шифрите помеѓу претходната и дополнетата класификација.

Препорачуваме навремено информирање за промените и подготовка на документацијата за да се обезбеди усогласеност со новите барања.

Related Posts