Договор за послуга што е и како функционира?

Договор за послуга – што е и како функционира?

Договорот за послуга е правен инструмент кој овозможува едно лице, наречено послугодавач, да му предаде предмет на друго лице, послугопримач, за користење без надомест, на определено или неопределено време. Послугопримачот е обврзан да го врати предметот по истекот на договореното време или кога целта заради која е предаден предметот ќе биде постигната.

Овој договор е често користен во различни ситуации, особено кога е потребно времено обезбедување на адреса за регистрација на компанија, како и за заемно користење на опрема, возила или други предмети

Главни карактеристики на договорот за послуга

траење на договорот

Траењето може да биде определено во самиот договор.

Ако не е прецизирано, договорот трае онолку колку што е потребно за постигнување на договорената цел.

Ако траењето не може да се определи, договорот завршува кога послугодавачот ќе побара враќање на предметот, но не во невреме.

правата и обврските на послугодавачот

Послугодавачот е должен да го предаде предметот во договореното време.

Одговорен е за правните и материјалните недостатоци на предметот, како и за неговото правилно функционирање.

Мора да ги информира послугопримачот за сите недостатоци што постојат или што можел да ги предвиди.

Правата и обврските на послугопримачот

Послугопримачот е обврзан да го чува предметот како „добар домаќин“ и да го користи само за намената предвидена во договорот.

Без согласност на послугодавачот, предметот не може да се пренесе на трети лица. Ако се случи тоа, послугопримачот и третото лице солидарно одговараат за штетата.

Послугопримачот ги сноси тековните трошоци за одржување на предметот.

Кога престанува договорот за послуга?

договорот за послуга може да престане:

  • со истекот на времето за кое е склучен;
  • кога послугопримачот ќе ја заврши целта за која го користел предметот;
  • ако послугопримачот го користи предметот спротивно на договорот;
  • ако предметот стане итно и ненадејно потребен на послугодавачот.
Договор за послуга – најчеста примена

Во пракса, договорот за послуга најчесто се користи за обезбедување адреса за регистрација на компании, особено при основање на нови бизниси. Овој договор е популарен бидејќи овозможува формално користење на адреса без потреба од финансиски надомест.

Завршни зборови

Договорот за послуга претставува практичен и флексибилен правен механизам кој овозможува заемно користење на предмети или обезбедување услуги без финансиски обврски. Неговата најголема примена е при регистрација на компании, но може да биде корисен и во други ситуации.

Ако ви е потребна правна поддршка за изготвување на договор за послуга или за други правни услуги, слободно контактирајте не. Нашиот тим на искусни адвокати ќе ви помогне да го заштитите вашиот интерес.

Related Posts