Приговор против неправилности при извршување
Кога може да поднесете приговор?
Според македонските закони, приговор може да поднесе странка, учесник или трето лице доколку смета дека извршителот:
- Постапувал незаконито.
- Пропуштил да преземе определено законско дејствие.
- Секое дејство на извршителот: Приговор може да се поднесе против секое дејство на извршителот, вклучително и пропуштање на дејствие.
Приговорот се поднесува до основниот суд на чие подрачје се спроведува извршувањето или дел од него. За предметите каде вредноста на главното побарување е над 10.000 евра, приговорот задолжително го составува адвокат.
Како да поднесете приговор?
- Изготвување на приговор: Приговорот треба да биде образложен, аргументиран и поткрепен со соодветни докази и истиот се доставува до надлежниот Суд, а не до извршителот. Приговорот мора да содржи адвокатски печат и потпис доколку е предмето со вредност од над 10.000 евра, освен во случаи кога странката е Република Македонија или друго правно лице како банка, штедилница, финансиско друштво итн.
- Рок за поднесување: Приговорот се поднесува во рок од три дена по осознавањето на незаконитоста, но не подоцна од три месеци по преземеното дејствие. Максималниот рок за поднесување е 15 дена од денот на донесување на заклучокот за намирување.
Процес на приговор
- Доставување на приговор: Приговорот веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по приемот, се доставува до судот , кој е должен во рок од 24 часа да се произнесе по приговорот.
- Одговор на приговорот: Судот може да ги сослуша странките, учесниците и извршителот пред да донесе одлука. Судот одлучува по приговорот во рок од 72 часа од истекот на рокот за одговор на извршителот.
- Решение на судот: Судот може да го отфрли, одбие или усвои приговорот. Ако приговорот се усвои, судот ги утврдува незаконитостите и ги става вон сила преземените извршни дејствија.
Чести грешки при поднесување на приговор
Жалба против решение
Доколку не сте задоволни со решението, имате право да поднесете жалба до Апелациониот суд преку основниот суд кој го донел решението. Жалбата се поднесува во рок од три дена по приемот на решението.
Чести грешки и примери на неосновани приговори:
Недобивање на тужбата или решението: Поднесувањето приговор со образложение дека никогаш не сте ја примиле тужбата или решението не е реален основ за приговор против извршно дејствие. Во овој случај, потребно е да поведете постапка за укинување на клаузулата за конечност или правосилност, а не да поднесувате приговор против извршувањето. Овој вид приговор може да создаде дополнителни трошоци за вас и не е законски основан. Особено често е странките да одбијат да примат одредено решение мислејки дека штом не е примен поднесокот не може ништо да се направи но тоа е заблуда. Доколку никој не го прими поднесокот истиот се става на огласна табла на Судот па по истек на рокот се смета дека е уредно примен
Завршни зборови
Приговорот на извршно дејствие е важен правен механизам кој овозможува заштита на вашите права. Ако имате потреба од правна помош или совет за поднесување приговор.