Побивање на должникови правни дејствија

Побивање на должникови правни дејствија

Еден од најзначајните правни институти и механизми кои стојат на располагање во постапка за наплата на долгови е паулијанската тужба или побивањето на должникови правни дејствија. Овде станува збор за една специфична и малку комплексна постапка која може да му овозможи на доверителот да си го наплати своето парично побарување. Видови на тужби од овој вид се  Долозна паулијанска тужба, Кулпозна паулијанска тужба, Семејна паулијанска тужба и Квази-паулијанска тужба  кои според законот за облигациони односи може да се поднесат во рок од 3 год.  Како во денешниот бизнис свет постапките да се избегне плаќање се зачестени овој напис може да ви даде насока како да постапите и да си го наплатите своето побарување.

Кои должникови дејствија може да се побиваат

-пренос на право на сопственост

-засновање на заложно право

-превземање на обврски

-пропуштање поради кое должникот загубил некое материјално право или со кое за него настанала материјална обврска

Најчесто кај овој вид на тужби се побива преносот на сопственост на движни или недвижни ствари каде должникот со цел да избегне плаќање ја пренесува сопственоста на стварите на трето лице или нова компанија .

Основни претпоставки

1.Стасаност на побарувањето на доверителот

-Доверителот мора да има доспеано побарување. Не е неопходно да постои правосилна и извршна исправа

2.Должниково правно дејствие кое ќе се побива

-Да постои правно дејство кое може да се побива како што е договор за подарок, оттугување без надомест,

3.Тоа дејствие да е превземено на штета на доверителот

Целта на дејствието е да се избегне плаќањето и да се оштети доверителот

4.Инсолвентност на должникот

-Пред поднесување на тужбата мора да се утврди дека должникот нема други средства или имот од кој може да се намири побарувањето. Оваа претпоставка е круцијална за ваков вид на тужби

5.Со побивањето на тоа дејствие да можат да се добијат средства за исполнување на побарувањето на доверителот што го врши побивањето

Други специфични услови кои треба да се исполнат

Правното или физичкото лице треба да знае дека со превземањето на дејствието кое се побива им нанесува штета на своите доверители односно целта на дејствието е осуетување на наплата на побарувањето. Тужбата се поднесува до лицето во чија корист е превземено дејствието.

Третото лице со кое или во чија корист е преземено правното дејствие е должников:

-сопруг/а или -сродник по крв во права линија (дедо/баба-татко/мајкасин/ќерка, внук/внука) или

-сродник во странична линија до четврти степен (брат/сестра-чичко-тетка, прв/а братучед/ка или -сродник по жена (сватовство) до истиот степен

Правни последици од побивањето

Правното дејствие го губи дејството само спрема тужителот и само толку колку што е потребно за исполнување на неговите побарувања.

Побиеното правно дејствие не е правно неважечко, само се суспендира неговото правно дејство спрема доверителот.

Ова во суштина значи дека извршувањето се спроведува како дејствието никогаш не било превземено односно дека истото не постои за доверителот

Пракса

Во  нашата  богата пракса со ваков вид на тужби за која имаме специјализирано, имаме еден многу специфичен предмет кој го издвојуваме каде што побарувањето беше по основ на странска судска пресуда ( види тука ) каде компанијата во сопственост на таткото со договор за купопродажба го пренесува правото на сопственост на компанијата на неговиот син. Иако станува збор за првата тужба која е уважена за правни лица Судот завзема стојалиште дека компаниите чии сопственици се татко и син иако се два различни правни субјекти ги подведува под специфичните услови дека станува збор за лица сродници во права линија па следствено на истото се смета дека знаеле да целта на преносот на сопственоста била да се осуети побарувањето на доверителот. Екстремно специфично во овој предмет беше тоа што помеѓу правните субјекти постоеше реална трансакција односно плаќање но и тоа не беше пречка Судот да ни го уважи тужбеното барање и пренесувањето на сопственоста беше побиено и која пресуда беше потврдена од Апелационен и Врховен Суд. За ставот на Судовите за ваков вид на предмети особено помеѓу правни лица можете да ги превземете јавно објавените пресуди.

Пресуда Суд Струмица

Пресуда Апелација Штип

Ревизија Врховен

Related Posts