Многу лица се соочиле со причинета штета од возило кое нема осигурување или пак од непознато возило. Голем дел од не знаат дека таквата штета се надоместува од гарантен фонд при Националното биро за осигурување.
Што е гарантен фонд
Друштвата за осигурување кои вршат работи на задолжително осигурување се должни да уплатат средства во Гарантниот Фонд кои служат за исплата на штети. Гарантниот фонд е формиран од Националното биро за осигурување и служи за
- штети настанати на територијата на Република Северна Македонија од непознати и неосигурани моторни возила и приколки, неосигурени чамци и бродови на моторен погон, како и неосигурени воздухоплови;
- штети настанати на територијата на Република Северна Македонија од превозни средства регистрирани за превоз на патници во јавен сообраќај за кои сопствениците не склучиле договор за осигурување на патници од последици на несреќен случај-незгода;
- штети од задолжителни осигурувања кои оштетените лица не можат да ги наплатат поради престанок на друштвото за осигурување со кое е склучен договорот за осигурување, при што се исплаќа само оној дел од штетата кој не бил надоместен од стечајната маса на друштвото за осигурување и
- штети од осигурени моторни возила кои потекнуваат од територијата на Република Северна Македонија за кои согласно со Критскиот договор и други меѓународни договори гарантира Националното биро за осигурување.
Што треба да направите и што се надоместува
Кога ќе настане штета на вашето возило а е причинето од непознато или неосигурано возило
- Задолжително повикајте полиција ( НЕ ТРЕБА ДА ПЛАТИТЕ ЗА УВИДОТ иако знаат така да кажат)
- Направете проценка на настаната штета
- Поднесете барање до вашата компанија за осигурување или до Национално Биро за осигурување
Рокот за поднесување на тужба е три месеци од денот на поднесување на барањето ако не е исплатена штетата
Специфично е тоа да во случај кога станува збор за непознато возило се исплаќа само нематеријална штета.
Кога ќе имате штета од возило кое неосигурано или пак вашето возило било оштетено на паркинг од непознато возило добро е да знаете дека таквата штета може а биде надоместена од страна на Гарантниот фонд.