ИЗВРШНА КЛАУЗУЛА
Во секојдневното работење физичките и правните лица склучуваат најразлични преддоговори и договори. Тоа може да биде за купување на недвижност, ствари,трговско работење, предвидени пенали и тн. За секој договор што ќе се склучи може да се предвиди и извршна клаузула
Што е извршна клаузула во договор или спогодба
Извршната клаузула е предвидена во законот за облигациони односи и преставува одредба од договорот со која се дозволува при прекршување на договороот или преддоговорот страната која има некакво парично или непарично побарување да го наплата. Важноста на извршната клаузула е во тоа што кога имаме реална извршна клаузула се избегнуваат долгите и скапи судски постапки и веднаш се започнува со извршување. Дополнително заради обезбедување во договорот може да се вметне и трето лице кое би се согласило за исполнување на побарувањето (управител, брачен другар и сл )
Каде може да се примени извршната клаузула
Извршната клаузула може да се примени кај
- Преддоговор за купопродажба
- Договор за закуп
- Договор за купопродажба
- Договор за заем
- Договор за деловна соработка
- Спогодба за исплата на долг итн
Што може да се направи со извршна клаузула
- Со извршната клаузула страните може да определат за што и на кои дејствија истата ќе се однесува
- Наплата на парични средства од должникот
- Наплата на пенали
- Наплата на договорна казна
- Испразнување од недвижност
- Предавање на владение итн
При составување на извршната клаузула од особена важност е истата да биде правилно составена за да се избегне можноста да истата биде неизвршлива бидејќи и тоа е можно. На пр мора да се наведена дека извршувањето ќе се спроведе на сите денарски и девизни сметки во земјата и странство и сл во спротивно ќе може да се извршува само спрема тоа што е наведено.
Форма
Договорот кој содржи извршна клаузула мора да биде склучен во писмена форма и да се направи потврда на приватната исправа познато како солемнизација пред надлежен нотар. Доколку формата не е запазена во целост извршната клаузула нема сила на извршна исправа и истата не може да се примени.Значи ако само ја предвидите извршната клаузулата во договор или спогодба а притоа не се направи солемнизација врз основа на таков договор не може да се извршува.
Што мора да содржи
Извршната клаузула за да биде ефективна и извршлива мора да содржи неколку клучни елементи
- Договорни страни
- Обврските на договорните страни
- Рок за исполнување и начин
- Вид на побарување( парично или непарично)
- Вредност