Како да го заштитите вашиот бренд лесно и професионално
Зошто е важно да се регистрира бренд (трговска марка)?
Вашиот бренд е највредниот дел од вашиот бизнис.
Во Северна Македонија важи принцип first-to-file, односно оној кој прв ќе поднесе пријава, има предност да ја заштити ознаката пред сите други.
Регистриран бренд (трговска марка) ви обезбедува:
• ексклузивно право на користење за одредени производи и услуги
• правна заштита од копирање и злоупотреба
• можност да го монетизирате брендот преку лиценцирање или продажба под поволни услови
Обврската на клиентот: минимална ➜ потпис на едно полномошно
Целиот процес може да го води адвокатска канцеларија со само едно полномошно потпишано од ваша страна. Сите останати постапки, комуникација и следење на рокови ги преземаме ние.
Ова ви заштедува време и избегнува администрирање.
Чекор-по-чекор процес на регистрација на трговска марка
Проверка на постоечки брендови (Pre-search)
Се проверува дали веќе постои ист или сличен бренд. Ова е клучно за да се намали ризик од одбивање.
Поднесување на пријава во Државниот завод за индустриска сопственост
Апликацијата вклучува:
• ознаката (збор, лого или комбинација)
• се наведува физичко лице или компанијата како сопственик
• класи на производи и услуги според Nice Classification
Пријавата се поднесува заедно со полномошно.
Проверка од надлежниот орган и објавување
Институцијата врши правна и формална проверка, после што брендот се објавува и трети лица имаат право на приговор
Издавање на сертификат
Ако нема пречки, се издава сертификат за регистриран бренд кој важи 10 години и има можност за обновување.
Колку трае процесот за регистрација на трговска марка?
Регистрацијата на бренд во Северна Македонија трае приближно 9–12 месеци и може да се спроведе со само едно полномошно од клиентот. Заштитата важи 10 години и може да се обновува бесконечно.
Чести грешки што ги прават компаниите
- Не регистрираат бренд навреме и потоа некоја друга фирма го „земa“ името
Пријавуваат премногу класи ➜ непотребни трошоци - Регистрираат само лого, а не зборовен бренд (или обратно)
- Не следат можни повреди и дозволуваат друг да профитира од нивната репутација
Забораваат да обноват и ги губат правата
Многу компании не сфаќаат дека ако не го заштитиш својот бренд, некој друг ќе го заштити.
Завршни зборови
Вашиот бренд = ваш капитал.
Заштитете го пред да почне да создава вредност за некој друг.
Со едноставен чекор и професионално водена постапка, добивате правна заштита до 10 години со можност за трајно продолжување.
Контактирајте нè за проверка на вашата марка и започнување на постапката


