Секој стартап сонува за денот кога ќе премине во scale-up – моментот кога идејата станува стабилен бизнис со вистински раст, инвестиции и клиенти надвор од границите. Но, токму во оваа фаза многу компании се соочуваат со неочекувани правни пречки: несредени документи, нерешени односи меѓу основачи, или недоволна заштита на интелектуалната сопственост.
Во Македонија и Европа, инвеститорите и партнерите бараат правна сигурност. Ако ја немате, вашиот бизнис може да ја изгуби шансата за финансирање или проширување.
Основачи и корпоративна структура – темелите мора да бидат стабилни
На почетокот често се потценува важноста на договорите меѓу основачите. Но кога компанијата ќе порасне, секоја нејаснотија околу удели, права и одговорности може да доведе до судски спорови или пропаднати инвестиции.
Решение: Shareholders’ agreement со јасно дефинирани клаузули за vesting, drag along и tag along. Тоа е вашата заштита од идни конфликти.
Финансирање – инвеститорите сакаат чиста слика
Scale-up фазата бара сериозен капитал. Инвеститорите не вложуваат во хаос. Ако вашата документација е неуредна, шансите за инвестиција паѓаат.
Решение: подгответе due diligence пакет однапред – статут, акти, регистрирани удели, договори со клиенти и вработени. Покажете дека вашиот бизнис е транспарентен и подготвен за раст.
Интелектуална сопственост – кодот мора да биде ваш
Во ИТ индустријата најголема вредност е кодот и брендот. Но ако тие не се формално префрлени на компанијата, ризикувате инвеститорите да се повлечат.
Решение: секој вработен, фриленсер или соработник мора да има IP assignment клаузула. Додадете и регистрација на трговски марки за брендот
Тим и работни односи – неформалното станува ризик
Стартапите често работат со пријателски договори и усни договори. Кај scale-up тоа е опасно. Трудови инспекции, незадоволни поранешни вработени или нејасни бонус шеми можат да создадат проблеми.
Решение: воведете стандардизирани договори за работа, правилници и vesting програми кои го мотивираат тимот, а ја штитат компанијата.
Регулаторна усогласеност – европски пазари, европски правила
Со растот доаѓаат и клиенти од ЕУ. Тоа значи нови закони: GDPR, NIS2, Digital Services Act. Ако не сте усогласени, ризикувате глоби и губење на доверба.
Решение: креирајте compliance политики – не долги меморандуми, туку практични прирачници и интерни процедури што секој вработен ќе ги разбере.
Договори со клиенти и партнери – време е за професионалност
Темплејт договори и усни ветувања може да функционираат во стартап фаза иако е една од најопасните пракси. Но кај scale-up, секој клиент очекува професионални договори: SLA, NDA, Terms of Service.
Решение: користете правно проверени договори со јасни клаузули за одговорност, рокови и надлежност.
Излез и аквизиции – сè мора да биде документирано
Scale-up фазата често завршува со продажба на удели или аквизиција. Ако документацијата не е ажурирана, вредноста на компанијата паѓа.
Решение: одржувајте data room со сите документи уредно и ажурирано по можност во електронска форма. Така ќе бидете секогаш подготвени за преговори
Кои се најчестите правни грешки што ги прават стартапите?
– Немаат добар основачки договор, не ги префрлуваат IP правата на компанијата и потпишуваат слаби договори со клиенти.
Дали ми треба инвеститорски договор иако сум мал стартап?
– Да, затоа што инвеститорите секогаш бараат правна сигурност пред вложување, без разлика на големината.
– Да, затоа што инвеститорите секогаш бараат правна сигурност пред вложување, без разлика на големината.
– Ако имате стабилен тим, постојан раст на приходи и основна правна инфраструктура (IP, договори, усогласеност), веројатно сте спремни за следниот чекор.



