Разлика помеѓу влог и удел во трговските друштва
Во секојдневното работење во бизнисот и во споровите помеѓу содружниците многу често се мешаат двата термина иако имаат сосема различна улога и значење. Во нашата пракса термините се изедначуваат и најчесто влогот го определуваат процентуално според висината на уделот. ВО овој напис сакаме да ги објасниме основните разлики и зошто се важни.
Што е влог
Законската дефиниција на влог
- ,Влог во друштвото” се пари, ствари, права коишто содружникот, односно акционерот му ги отстапува и пренесува на трговското друштво во постапката на основање или во постапката на зголемување на основната главнина на друштвото, односно и труд и услуги кога тоа со овој закон е допуштено и заем, односно дополнителна доплата, коишто согласно со одредбите од законот за трговски друштва се трансформираат во влог
Значи влогот може да биде паричен или непаричен во форма на ствари,опрема,недвижности и слично кои содружникот ги вложува во друштвото како капитал со кое друштвото работи и располага
Што е удел
Законската дефиниција на удел
- ,,Удел во друштвото” е севкупност на права и обврски коишто содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина во јавното трговско друштво, командитното друштво и друштвото со ограничена одговорност, при што секој содружник има еден удел кој не може да биде претставен во хартија од вредност.
Зошто е важна разликата помеѓу влог и удел
Видно од законските дефиниции е дека влогот преставува вложен капитал во едно трговско друштво додека од друга страна уделот преставува право кое содружникот го стекнува со вложениот капитал. Определувањето на влогот е зконски дефинирано додека определување на висината на уделот е оставена на слободно договарање помеѓу содружниците.Ова значи дека едно лице може да вложи 500 евра во тд кое има 5000 евра основна главнина(влог) а да има удел од 50%.
Од друга страна разликата е важна и кога станува збор за конвертабилен заем. Во такви ситуации на друштвото му се дава износ многу поголем од основната главнина кој потоа може да се конвертира во влог во друштвото во постапка за зголемување на основна главнина. Имено конверзијата може да се реализира со голем влог и мал удел односно бизнис ангел да инвестира во друштвото 100.000 евра, а да се стекне со удел кој не соодвествува процентуално
Разликата е особено важна имајки во предвид дека во зависност од уделот се определуваат правата на содружниците и тоа има влијание врз управувањето на друштвото и носењето на одлуките кое нешто може позитивно или негативно да влијае на натамошниот развој на друштвото