При стекнување или пренос на недвижен имот во Северна Македонија, граѓаните имаат законска обврска да поднесат пријава за данок на промет на недвижности или данок на подарок и наследство, зависно од правниот основ. Во Скопје, постапките се спроведуваат преку Управата за јавни приходи (УЈП).
Со правилно пополнети формулари и доставени документи, постапката може да се заврши брзо и без компликации.
Данок на промет со недвижности
Кога се продава или разменува недвижен имот, продавачот е должен да поднесе Пријава за данок на промет на недвижности.
- Стапка на данок: 3% од утврдената пазарна вредност на имотот.
- Основ за утврдување на вредноста: проценка на недвижноста според методологија утврдена со подзаконски акти на Министерството за финансии.
Кон пријавата задолжително се поднесуваат:
- Додаток за проценка на недвижноста;
- Согласност за обработка на лични податоци.
Данок на подарок и наследство
При стекнување имот по основ на наследство или подарок, наследникот или примачот на подарокот поднесува Пријава за данок на подарок и наследство.
- Стапки на данок:
- 3% до 5% за наследници и приматели од втора наследна линија (брат, сестра, внуци и сл.);.
- Изземање: наследници и приматели во прва наследна линија (родители, деца, сопружници) се ослободени од плаќање данок.
И тука е задолжителен:
- Додаток за проценка на недвижноста (според официјална методологија за утврдување на пазарната вредност);
Согласност за обработка на лични податоци
Формулари и документи за даночна пријава
Пријавите можат да се преземат преку следниот линк:
👉 Преземи пријава за данок на промет
👉 Преземи пријава за данок на подарок и наследство
👉 Прилог кон даночна пријава за утврдување на фактичка состојба на недвижност
Поднесување на даночна пријава за недвнижност
Пријавите се поднесуваат во УЈП – Регионална дирекција Скопје – барака 16 на ГРад Скопје
Нашата канцеларија нуди и хибридно решение – можете да не контактирате, ние ќе ги подигнеме документите од вашата адреса во Скопје и ќе се погрижиме за нивното навремено поднесување.
Обврската за поднесување пријава за данок на промет и данок на подарок и наследство е задолжителна и вклучува приложување на додаток за проценка според методологија и согласност за обработка на лични податоци. Со навремено и правилно поднесување, се избегнуваат казни и дополнителни трошоци.
Ако сакате постапката да ја завршите брзо и без административни проблеми, обратете се кај нас – ние ќе се погрижиме за целата процедура во Скопје.



