Boris Trajkovski No.24 l. 7
+389 78 220 862

Надомест на штета од нерегистрирано или од непознато возило

Повеќето луѓе се запознаени со фактот дека при сообраќајна незгода причинетата штета ја плаќа осигурителната компанија каде е регистрирано возилото на лицето кое ја причинило незгодата. Но многу луѓе се прашуваат кој ќе ја надомести штетата ако возилото што ја причинило незгодата не е регистрирано/осигурено или пак е причинета штета од непознато возило и дали воопшто некој ќе ја надомести.

Одговорот е едноставен- штета од неосигурано или непознато возило се надоместува од страна на Гарантниот фонд на Националното биро за осигурување. Компаниите кои вршат дејности на осигурување од автоодговорност уплатуваат одредена сума на парични средства во Национално Биро за осигурување каде се формира гарантен фонд. Гарантниот фонд служи токму за намени за штети предизвикани од нерегистрирани и непознати возила. Гарантниот фонд е формиран за:

1) штети настанати на територијата на Република Северна Македонија од непознати и неосигурани моторни возила и приколки, неосигурени чамци и бродови на моторен погон, како и неосигурени воздухоплови;

2) штети настанати на територијата на Република Северна Македонија од превозни средства регистрирани за превоз на патници во јавен сообраќај за кои сопствениците не склучиле договор за осигурување на патници од последици на несреќен случај-незгода;

3) штети од задолжителни осигурувања кои оштетените лица не можат да ги наплатат поради престанок на друштвото за осигурување со кое е склучен договорот за осигурување, при што се исплаќа само оној дел од штетата кој не бил надоместен од стечајната маса на друштвото за осигурување и

4) штети од осигурени моторни возила кои потекнуваат од територијата на Република Северна Македонија за кои согласно со Критскиот договор и други меѓународни договори гарантира Националното биро за осигурување.

(2) Од средствата на Гарантниот фонд не се надоместуваат штети настанати од употреба на неосигурени странски моторни возила што се движат на територијата на Република Северна Македонија, а за кои важат посебни меѓународни договори чиј потписник е Република Северна Македонија. Доколку ви биде причинета штета од возило кое не е регистрирано или пак од непознато возило треба да знаете дека штетата ќе ви биде надоместена од страна на Гарантиот фонд при национално Биро за осигурување.

Доколку ви биде причинета штета од возило кое не е регистрирано или пак од непознато возило треба да знаете дека штетата ќе ви биде надоместена од страна на Гарантиот фонд при национално Биро за осигурување.

Leave a comment