Boris Trajkovski No.24 l. 7
+389 78 220 862

Платен налог

Постапката за издавање на нотарски платен налог

Надлежноста за издавање на платен налог со кој се дозволува извршување на веродостојна исправа е пренесена на нотарите.

Постапката се поведува по предлог на доверителот кој има пристигнато парично побарување врз основа на веродостојна исправа спрема физичко или правно лице

Како веродостојни исправи се сметаат :

1) јавни исправи (исправа издадена од надлежен орган, организација или лице кое врши работи од јавен интерес врз основа на закон или друг пропис заснован врз закон);

2) приватни исправи на кои потписот на обврзникот го заверил органот надлежен за заверување;

3) меници и чекови со протест и со повратни сметки ако тие се потребни за засновање на барање;

4) изводи од заверени деловни книги;

5) Фактура (сметка)  е исправа која продавачот или вршителот на услугата ја доставува до купувачот, односно нарачателот на услугата  и

6) исправи кои според посебни прописи имаат значење на јавни исправи.

 По приемот на предлогот нотарот постапува по истиот па доколку предлогот е уреден и ги содржи сите потребни елементи истиот донесува решение за издавање на нотарски платен налог.

Така донесеното решение го доставува на адресата на должникот кој откако ќе го прими решение има право во рок од 8 дена да поднесе приговор. Доколку должникот во дадениот рок поднесе приговор,нотарот го доставува целиот предмет до надлежниот Суд за понатамошно постапување.

Доколку должникот не поднесе приговор во дадениот рок од 8 дена решението на нотарот станува правосилно и извршно и истото може да се даде на извршување кај надлежен извршител

Особено важно е дека предлогот за издавање на нотарски платен налог како и приговорот каде вредноста на предметот надминува 10.000,00 евра задолжително мора да бидат составени од адвокат. Во случај предлогот да не биде составен и да не содржи печат од адвокат, надлежниот таквиот предлог или приговор ќе ги отфрли како неуредни.

Leave a comment