Boris Trajkovski No.24 l. 7
+389 78 220 862

Ликвидација на фирма

Ликвидација на фирма

Ликвидацијата на фирма односно друштво е постапка во која фирмата која веќе нема интерес да работи се затвора.

Постапката за ликвидација се одвива во две фази

Првата фаза е за утврдување на состојбата на фимрата односно се врши промена на назив и се именува ликвидатор над руштвото. Во првата фаза се прибира соодветна документација од која ќе се утврди дека друштво кое треба да се затвори/ликвидира нема долгови односно побарување од други компании или долгови во однос на царини, даноци, придонеси и сл. Во оваа фаза се објавува оглас и се повикуваат сите да пријават евентуално побарување спрема друштвото во ликвидација

Доколку во рок од 15 од денот на огласот не бидат пријавени побарувања и се утврди дека друштвото нема никакви долгови се исполнуваат условите за отворање на втората фаза од ликвидација на друштвото

Во втората фаза од ликвидација повторно се доставува соодветна документација од која се потврдува дека друштвото нема блокирана сметка и дека нема долгови спрема државата па врз основа на тоа се поднесува завршна сметка 

Со комплетирање на втората фаза од ликвидација друштвото може да се избрише од Централниот регистар

Постапката за ликвидација е обемна административно и истата може странките да ја водат сами со тоа што делот кој треба да се поднесе до Централен регистар треба да биде поднесен од Адвокат кој е овластен регистрационен агент. Во пракса странките најчесто одбираат адвокат да им ја заврши целата процедура од комплетирање на документација до бришење на друштвото од Централен регистар

Leave a comment