Постапка за расправање на оставина се поведува по службена должност или пак по предлог од странка
Најчесто постапката се поведува по предлог на некој од наследници
Прво се поднесува предлог за поведување на оставинска постапка во кој треба да бидат образложени и наведените сите потребни податоци како и да бидат приложени потребните докази. По поднесување на предлогот до надлежниот Суд, истиот во рок од 3 дена определува нотар кој ќе расправа за оставина
По определување на нотарот учесниците односно сите наследници по добиена покана од нотарот пристапуваат да дадат позитивна или негативна наследничка изјава .
По одржаното рочиште за расправање на оставина кај нотарот, истиот доколку нема никаквиприговори или оспорување ќе донесе решение со кое ќе ги огласи наследници и имотот и правата кои ги наследуваат
За оставинската постапка задолжително постапува адвокат кој треба да биде ангажиран од наследниците